Со шест настани за возрасни и еден за деца, КЦ Бруталиск од вторник (5 март) започнува со тематска недела која ќе трае до 11 март.
„Неделата завршува со хуманитарен настан за донации за Леноид и Тара, викендот е исполнет со стенд-ап, промоција на книга со пет македонски поетеси, детска работилница и два настапи на локални диџејки, а започнува со традиционалниот вторнички квиз овојпат наречен ‘Женски Квиз’“, се вели во соопштението.
Во продолжение агендата:
Вторник 05.03.2024:
-Женски квиз во 20 часот
Петок 08.03.2024:
– Осмомартовски Стенд Ап со Софија Ристевска Петрушева во 20 часот
– Holiday Friday со DJ Ivana Dragsic од 21 часот
Сабота 09.03.2024:
– Бесплатна креативна работилница за деца – 11ч.
Осмомартовски честитки со Доротеј Нешовски
– Промоција на книга : Нејзината песна од 19 часот
Станува збор за мала поетска компилација од пет современи македонски поетеси – Весна Ацевска, Магдалена Хорват, Николина Андова Шопова, Лидија Димовска и Будимка Поповска, по избор на Пандалф Вулкански.
– Vanilla Saturday со DJ Disco Ninja од 21 часот
Недела – 10.03.2024
– Хуманитарна забава за Леонид и Кара со почеток во 20 часот
-Пет различни локални диџеи (DJ Abel x cynn, Lagi, Peteljavashе, Dimchuga, Sexy Marsa, Arzu)