Протестите во Египет не стивнуваат. Бруталните напади врз жените кои протестираат на плоштадот Тахир секојдневно се зголемуваат.
Вчера група на активисти (Op Anti-Sexual Harassment), кои се обидуваат да ги спречат овие немили настани објавија видео во кое се гледа како група на гневни мажи ја напаѓаат девојката. ОpAntiSH забележале повеќе од 10 случаи каде девојки кои протестирале биле жртви на сексуално насилство.
Волoнтерите од организацијата им пружаат медицинска, правна и емоционална поддршка на силуваните жени како и привремено живеалиште за нивно закрепнување.
„Повеќето од жртвите беа цел на групно силување на плоштадот. Некој од нив беа насилно соблакани, гризани по сите делови од телото и ограбени“ се вели во дел од изјавата на OpAntiSH
Во четвртокот, загриженост за последните случување изразија и Обединетите нации, барајќи од властите да ги заштитат жените и да ги изведат сторителите пред лицето на правдата, посочувајќи дека само изминатата недела се евидентирани 25 случаи на сексуални напади врз жените во Тахир.
Една од активистките на OpAntiSH која беше цел на бесната група на протестирачи ја објави својата приказана за случувањата во петокот. Обидувајќи се да и помогне на друга девојка, самата завршила како цел на силувачите.
„Бев сигурна дека девојката е некаде во гужвата, но не можев да ја видам. Пробавме да стигнеме до неа, но се изненадив кога еден маж почна да вика по нас вејелќи ни : ’Тргнете се или и вие ќе настрадате. ’ Пред да успеам да разберам што ни кажува повеќе од 5 раце почнаа да ме грабаат и да пикаат раце во мојте панталони. Останатите се буткаа пробувајќи да дојдат до нас.“
Прочитајте ја целата приказна.
Oд Amnesty International велат дека грозоморните начини на силување на жените во Египет се застапени во повеќе од еден случај. Често, групата е вооружана со ножеви и тапи оружја пробувајќи да ги запре луѓето кои се обидуваат да ги запрат нападите.
photo: Khalil Hamra/Associated Press