„Стравот и автоцензурата владеат во општеството, а сатирата, доколку порано имала влијание на јавното мислење, денес не може да поттикне никого на размислување, вели Љупчо Бубо Каров, кој учествуваше на завршниот мултимедијален настан на проектот „Млади промотори на слободата на изразување“, во организација на НВО Инфоцентарот и Младинскиот образовен форум (МОФ).
Стравот, според Каров, е причина и за згаснувањето на хумористичната серија К15. Тој објави дека шоуто од ноември годинава, точно на својот роденден, официјално престана да постои.
„К15 престана да постои бидејќи не постои медиум каде што може да се емитува“, рече тој, додавајќи дека има медиуми каде што и тие самите не сакаат да се емитуваат бидејќи добиваат понуди со договори до кој процент би требало да бидат критикувани власта и опозицијата.
Извор: А1ОН