Се повеќе бугарски студенти се приклучуваат на протестот кој пред шест дена почна на Софискиот универзитет. Утринава беа „Окупирани“ амфитеатрите на повеќе факултети во земјата.
Утринава со заземањето на амфитеатарот на Универзитетот во Велико Трново, и овие студенти им дадоа поддршка на колегите од Софија.
Во писмо до медиумите организаторите на акцијата велат дека немаат никаква поддршка од раководството.
Пред амфитеатарот има поставено транспарент со натпис: „Окупација“. Барањата на студентите се : подобрување на менаџерскиот капацитет преку кадровски надградба , промена на уредувањето независно од партиската боја, подобрување на образовниот стандард и воспоставување на регулатива , стимулирање на квалитетот.
Окупациран е само амфитеатарот со број 321 , додека предавањата продолжуваат во останатите предавални. Учениците се заложија да се зачува редот на универзитетот , а побараа безусловна поддршка на универзитетското раководство за која се надеваат дека ќе ја добијат, објавија тие во соопштението за медиуми .
„Ние сме политички неопределени , активностите ни поттикнати само и единствено од желбата за подобрување на животниот и студентскиот стандард во Бугарија ” , истакнуваат демонстрантите.
Раководството на Универзитетот се обиде да преговора со „окупаторите“ . Заменик- ректорот ги повика студентите да ја ослободат салата 321 за спроведување на нормален наставен процес.
Тој ги покани и на разговор во неговиот кабинет , но учениците одбија . Тие изјавија дека ќе ја продолжат окупацијата на амфитеатарот дури и ноќеска, пишува бугарски Дневник. За попладнево закажана е и посета на амфитеатарот од страна на европратеникот Филиз Хјусменова.
И група од 15-тина студенти од Новиот бугарски универзитет утрово организираа акција во поддршка на окупацијата која веќе шести ден трае во Софискиот универзитет.
Младите влегоа во една од предавалните и го прекинаа предавање по граѓанско право на професорот Владимир Петров , каде што останаа неколку часа. За подоцна, појаснуваат дека ќе им се приклучат на своите колеги од софискиот универзитет каде ќе ја следат вонредната седница на Академскиот совет со главна тема за „Окупацијата“ .
Самиот професор Петров рече дека во принцип ги поддржува учениците, но пред студентите посочил дека е на Универзитетот единствено за да предава , а останатото не е негова работа . Тој изразил надеж дека младите генерации ќе успее да промени земјата кон подобро, бидејќи претходните не успеале, пишува Дневник.
Пред да влезат во аулата пред главниот влез на универзитетот , студентите ја прочитаа декларација во која повикаа на поддршка од сите универзитети во земјата.
На Универзитетото во Софија пак „Окупацијата“ трае веќе шести ден. Ова е дел од синоќешната атмосфера на факултетот.
Нивната Фејсбук страница добива се повеќе посетители, а студентите и со видео стрим во живо пренесуваат делови од она што се случува во текот на „окупацијата“.