Бундестаг заедно со Слободниот универзитет во Берлин, Хумболдт универзитетот и Техничкиот универзитет распишаа повик за Меѓународната парламентарна стипендија (IPS) наменета за младите од Северна Македонија.
Стипендијата трае 5 месеци и е наменета за високо квалификувани и политички заинтересирани млади луѓе, кои имаат желба по завршување на програмата да се вратат во своите татковини и активно и одговорно да учествуваат во формирањето на нивната демократска иднина.
Германскиот парламент, им дава на младите луѓе можност во текот на 13-неделна дејност кај член на Бундестагот да се запознаат со германскиот парламентарен систем и со процесите на донесување на политички одлуки и да стекнат практично искуство во областа на парламентарната работа.
Стипендистите ќе бидат избрани од независна изборна комисија на Бундестагот.
Услови:
- македонско државјанство
- завршено високо образование
- многу добро познавање на германскиот
јазик - познавање на германската политика,
општеството и историјата - помлади од 30 години на почетокот
на стипендијата
Стипендијата изнесува 500 евра месечно. Трошоците за сместување, осигурување и пат се покриени.
Последен рок за прием на апликациите е 31 јули.
Повеќе информации може да добиете во Германската амбасада или на интернет на: www.bundestag.de/ips