„Бунтовнички игри“ со Мрежа Стела денес во „Илика“

Менторската Мрежа Стела денес во кафе-книжарницата „Илика“ денеска (3 септември) организира дружба со кафе и друштвена игра „Бунтовнички игри“ преку која ќе може да се сложи женската историја на нашата држава.

„Дознајте повеќе за жените кои се залагале за сè она што ние можеме да го живееме денес и направиле огромни чуда за нивните заедници и општеството. Поврзете ги жените со нивните достигнувања и играјте тимски или индивидуално на интересен и интерактивен начин под приквечерните сенки на кафе-книжарницата ‘Илика’“, се вели во најавата.

Настанот ќе започне во 18 часот.