Calvin Harris е најплатен диџеј на светот според Форбс

Calvin Harris е се најде на врвот на листата на Форбс за најплатени диџеи на светот во 2015 година. Со заработка од 66 милиони долари, тој зад себе ги остави David Guetta со 37 милиони долари и Тиесто со 36 милиони долари.

На престижната листа на Форбс се најдоа и Skrillex и Steve Aoki со годишна заработка од 24 милиони долари.

Calvin Harris е продуцент кој стана познат по својата работа со бројни музичките ѕвезди. Неговиот албум Motion издаден во 2014 година се најде на врвот на светските листи за денс музика.

„Подемот на денс музиката беше астрономски….Излезе дека бев на вистинското место, во вистинско време“, вели Calvin за Форбс.