Над 50 потенцијални претприемачи биле корисници на CЕЕd Hub во Македонија, а 11 добиле инвестиција во вредност од 66 илјади долари и успеале да ги развијат своите идеи во бизниси. Од денеска поддршката на CEED Hub е поблиску до студентите на техничките факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје каде ќе ќе добијат поддршка за својата идеја да ја преточат во бизнис.
Ова беше посочено на отворањето на новата канцеларија CEED Hub Скопје која е лоцирана на Машинскиот факултет. Новите простории на центарот се отворени со средствата кои се обезбедени во рамки на „Проектот за мали и средни претпријатија“ на USAID, спроведуван од CEED Macedonia, a со поддршка од Швајцарската амбасада.
Целта е да се развиваат идеи и да се охрабри македонската Влада да ги поддржи иницијативите на младите луѓе.
Владата за Програмата за економски развој за 2018 година има детерминирано 46 отсто повеќе средства во однос на 2017 година.
Според деканот на Машинскиот факултет Дарко Данев услугите на оваа канцеларија ќе бидат блиску до 4.000 студенти кои имаат визија за подобро утре на кои треба да им се подаде рака.
Директорот на CEED Hub Ѓорги Кушевски дека преку оваа канцеларија им се нуди на младите пристап до финансии во износ од 5-10.000 долари кои им помагаат да ја развијат идејата и потоа поуспешно да ги искористат фондовите за бизнисот да биде успешен.
Нареден чекор е да се отвори канцеларија во Економскиот факултет во Скопје.