Во вилата Уранија во Охрид денес ќе се одржи настан по повод јубилејот „100 години од раѓањето на Борис Чипан“.
Освен беседи од видни професори и академици за творештвото на архитектот Борис Чипан, целодневниот настан ќе опфати и изложба, која ќе биде отворена од 19:30 часот.
Прославата на јубилејот е во организација на Архитектонскиот факултет при УКИМ, Општина Охрид, Музејот на град Скопје и Македонската академија на науките и уметностите.