Во Социјалниот центар „Дуња“ утре (сабота, 28 декември) од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневна предновогодишна дружба.
Најпрво, од 15 до 17 часот ќе има размена на книги и облека – Второ азно.
Потоа, од 17 до 18 часот ќе има чајанка, па следи Pub Quiz до 20 часот, кога ќе почне свирка на Full House Band и џем сесија.
„Влезот е солидарна препорачана донација за артистите (собираме донации за гаража). Се гледаме на подиум!“, стои во најавата за настанот.