„Д фестивал“ годинава ќе се одржува од 6 до 8 јули во Дојран. Музичката програма ќе се одвива на четири бини, а во кампот ќе се одржуваат и полно други активности како работилници, дискусии, предавања и вежби.
Досега беа најавени повеќе светски и регионални музичари како „Pussy Riot“, Финк придружуван од својот бенд, потоа македонскиот композитор и продуцент Дуке Бојаџиев и которскиот хип-хоп тандем „Who see“.
Целосната музичка и дополнителна програма на Д Фестивал 2018, со распоред и саатници на настапите и фестивалската мапа преземете ја од овој линк.