Центарот за младински активизам „Крик“ објави повик за бесплатни часови по германски јазик, во рамки на својот долгорочен ЕВС проект од програмата Ерасмус+. Часовите ќе ги држат двајца волонтери од Германија. Норма е волонтерка која во Македонија дојде во март 2016 и тука ќе биде до март 2017, додека Петер пристигнува во Македонија ќе биде од септември 2016 и ќе остане една година.
Бесплатни часови по германски јазик ќе бидат достапни за сите заинтересирани, а ќе започнат на 5 септември. Часовите ќе се одржуваат еднаш до два пати неделно, во зависност од тоа како ќе се договорат кандисатите и волонтерите. Познавање на англискиот јазик е задолжително.
„Главната цел на часовите е да се здобиете со основно познавање на германски јазик, ништо премногу комплицирано. Ќе се обидеме да ве научиме корисни зборчиња,фрази и граматика. Со тек на часовите самите учесници можат да одлучат на кои теми може да работиме, што они би сакале да научат“, се вели во повикот.
Заинтересираните кандидати треба да го пополнат апликацискиот формулар, по што ќе бидат исконтактирани „Крик“. Рокот за аплицирање е до 19 август (16 часот), 2016 година.
Часовите ќе се одржуваат во просториите на ЦМА „Крик“, во Скопје.