Централноафриканската Република го усвои биткоинот како официјална валута, со што стана првата земја во Африка и втората во светот што го направила тоа, јавува „Ројтерс“.
И покрај богатите резерви на злато и дијаманти, Централноафриканската Република е една од најсиромашните и најмалку развиените земји во светот.
Предлогот со кој се регулира употребата на криптовалутата беше усвоен едногласно од парламентот, се вели во изјавата потпишана од Обед Намсио, шеф на кабинетот на претседателот Фаустин-Арчанџ Туадера.
„Претседателот го поддржува овој предлог-закон затоа што ќе ги подобри условите на граѓаните“, изјави Намсио, без да даде повеќе детали.
Во изјавата, тој го нарече законот како „одлучен чекор кон отворање нови можности за нашата земја“.