Часовник за кој се верува дека припаѓал на лидерот на нацистичка Германија, Адолф Хитлер, е продадена за 1,1 милиони долари на аукција во САД.
Часовникот марка Хубер, кој бил продаден на анонимен купувач, има гравирано свастика и иницијалите АХ.
Еврејските лидери ја осудија аукцијата пред почетокот на продажбата во Историската аукциска куќа „Александар“ во Мериленд. Во отворено писмо потпишано од 34 еврејски лидери, аукцијата се осудува како „одвратна“ и се бара нацистичките предмети да бидат повлечени од продажба.
Сепак, од аукциската куќа, која и во минатото има продавано разни предмети од Нацизмот, велат дека нивната цел е да ја зачуваат историјата.
Според каталогот на аукциската куќа, часовникот веројатно бил даден на Хитлер како роденденски подарок во 1933 година, истата година кога станува канцелар на Германија. Се претпоставува дека овој предмет потоа бил земен како сувенир, кога 30 француски војници упаднале во Бергов, планинското засолниште на Хитлер во 1945 година. Се мисли дека часовникот бил продаден неколку пати низ неколку генерации досега.
Хитлер ја предводеше нацистичка Германија меѓу 1933 и 1945 година, организирајќи систематско убивање на повеќе од 11 милиони луѓе, од кои 6 милиони Евреи.