Напредниот чет-бот „ChatGPT“ официјално е достапен за преземање и на Андроид телефоните преку онлајн продавницата „Google Play Store“.
Само неколку месеци откако мобилната верзија стана достапна за преземање на уредите на „Епл“, чет-ботот можеше да се преземе во САД, Индија, Бангладеш и Бразил повторувајќи го етапното ширење што претходно го имаше „iOS“ верзијата.
Од 27 јули, компанијата „OpenAI“ на 27 јули најави дека листата на земји каде „ChatGPT“ ќе стане достапен за преземање ќе ги опфати и Аргентина, Канада, Франција, Германија, Индонезија, Јапонија, Мексико, Нигерија, Филипините, Обединетото кралство и Јужна Кореа, а отсега ботот е достапен на Андроид и кај нас и во сите други земји каде е достапен и на веб.
„Врџ“ пишува дека лансирањето на Андроид апликацијата доаѓа откако податоците на „Sensor Tower“ и „Similarweb“ покажа пад од 38% на процентот на инсталирање на апликациите „ChatGPT“ и „Бинг“.