ChatGPT овозможи гласовна комуникација со корисниците

Гласовната функција на ChatGPT сега е бесплатно достапна за сите корисници.

Во објава на X (претходно Твитер), компанијата OpenAI објави дека корисниците сега можат да ја допрат иконата со слушалки за да го користат својот глас за да разговараат со апликацијата во мобилната верзија на апликација, како и да добијат звучен одговор, пренесува Верџ.

Оваа функција дополнително може да се персонализира со различни гласови, а може да се одбере и јазикот на кој сакате да зборувате.

OpenAI за првпат ја претстави можноста да се користи ChatGPT со глас и фотографии во септември, но функцијата беше достапна само за корисниците кои се претплатени на апликацијата.