Учениците од скопската гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“ во сабота (30 септември) ќе ја одиграат хуманитарната авторска претстава „Чекајќи го…“ посветена на лекувањето на нивниот соученик Марко.
Претставата ќе биде на големата сцена во Македонскиот народен театар.
„Ги повикуваме сите добри и хумани луѓе да уживаат во изведбата на претставата и истовремено да донираат за спас на младиот човечки живот да може да го продолжи својот пат“, вели Татјана Алексиќ, професорка по македонски јазик и литература во „Корчагин“.
Билетите се во продажба на билетарницата на МНТ по цена од 500 денари, како и онлајн.
Од гимназијата ги повикуваат да се придружат сите организации, компании, агенции, конзуларни преставништва, фирми и колективи, групно или поединечно.