Чешката влада денеска даде дозвола да се дадат два дополнителни денови во годишниот одмор на државните административци кои ќе се вакцинираат против Ковид-19 со цел да се подигне нивото на имунизација во земјата, соопшти премиерот Андреј Бабиш.
Чешка има 10,7 милиони жители, а досега регистрирале 10,19 милиони аплицирани дози од вакцините со 4,74 милиони луѓе кои се целосно вакцинирани.
„Целта е да се има максимална вакцинација, да се заштитиме самите од инфекции од надвор. Главната задача е – вакцинација, вакцинација, вакцинација“, рекол Бабиш, пренесе Ројтерс.
Од почетокот на пандемијата во Чешка се регистрирани 1.673.219 случаи на Ковид-19, а 30.363 луѓе починаа од вирусот.