Четири европски филмови се дел од програмата на деветтото издание на Фестивал на тркала кои денеска и утре бесплатно ќе се прикажуваат во Кинотеката на Северна Македонија.
Фестивалската програма оваа година вклучува четири филмови, од кои два швајцарски, еден италијански и еден белгиски филм. Па така, за од 12 часот денеска е закажана проекција на швајцарскиот филм „Маре“, додека од 15 часот ќе се одржи проекција на детскиот италијански филм „Стакленото момче“.
Утре пак, во Кинотека ќе се одржат проекции на швајцарскиот филм „Сигурност“ со почеток во 12 часот, како и на белгискиот детски филм „Вселенско момче“ од 15 часот.
Истовремено, филмовите ќе бидат достапни и онлајн до 27 ноември преку посебна фестивалска платформа на „Синесквер“.
Фестивалот го организира продукциската и дистрибутерска компанија „Катавеј“ од Скопје, во соработка со Кинотека на Македонија и поддршка на Град Скопје.