Младински образовен форум (МОФ) и Радио МОФ на 17 мај (петок) со почеток од 13 часот го организираат првиот овогодишен настан за социјален активизам „ENGAGE Youth 2024“ .
Настанот ќе се случува во Центарот за култура во Дебар, каде млади активисти ќе споделат знаења и искуства на теми поврзани со граѓанска ангажираност, активизам, планинарство и култура во нивните локални заедници.
Со своите говори на „ENGAGE Youth“, тие ќе се обидат да едуцираат и инспирираат, а воедно и да создадат место за дружба и интеракција меѓу млади, групи и организации кои се стремат да го подобрат општество.
Говорници на настанот ќе бидат:
Ноли Османи, млад активист од Здружениe Центар за одржлив развој на заедницата
Tема: „Како да ги поттикнеме младите од Дебар за локални промени преку активизам и застапување“?
Арта Ќерими, младинското здружение „Go Green“
Tема: „Зошто е значаен еко-активизмот? Каква улога имаат младите во борбата за поздрава животна средина?“
Дарко Беровски, млад активист од Културната платформа „Спознавање“
Tема: „Како да ги поттикнеме младите од Дебар за локални промени преку активизам и застапување? Зошто треба постојано да се спознаваме? Приказни од „Спознавање“ за културен и музички активизам“.
Мики Крстев, претставник oд Младите на Штука – Иловица против рудникот
Tема: „Како да ги поттикнеме младите да размислуваат за битните, горливи локални проблеми? (граѓански активизам)“
Придружете ни се за заеднички да ги одбележиме значајните младински иницијативи од претходната година и да го подигнеме младинскиот активизам на повисоко ниво!
Ова е првиот „ENGAGE Youth“, додека вториот настан ќе се случува во јуни во Скопје.
Настанот е поддржан од National Endowment for Democracy, а организиран од Младински образовен форум и Радио МОФ.