Летното кино на Музејот на современа уметност (МСУ) од утре ја започнува својата летна филмска програма кога љубителите на седмата уметност ќе може да уживаат во проекција на четири филмски остварувања.
Програмата за годинешното летно кино – МСУ што ќе се одржува на тремот на МСУ е следна:
- 21 јуни – „Грете Мајер – Кралицата на данскиот дизајн“ во 20:00 часот;
- 22 јуни – „Американска модерна уметност, тајно оружје на студената војна“ во 20:00 часот;
- 23 јуни – „Маија Исола“ во 20:00 часот;
- 24 јуни – „Греј оунс лајт шоу и леб“ во 20:00 часот.
Организаторите информираат дека на сите проекции ќе има 60 бесплатни места за кои не е потребно претходно најавување.
Повеќе информации за филмовите може да се најдат тука.