Без дожд, конечно Скопското Кале можеше можеше да види вистинско издание на Пиволенд во Скопје. Дури на четвртиот ден од започнувањето на фестивалот, се врати барем дел од стариот сјај на Калето. Синоќа, просторот беше исполнет до последниот сантиметар.
Атмосферата започна да се подгрева во 20 часот со настапот на Filip trio proekt на главната сцена и со Bosa Un Der Cover на Cover Bend сцената каде неколку стотини, претежно млади луѓе се журкаа и загреваа со ладно пиво и многу скара. Со десет минутно доцнење следна настапи и македонската ѕвезда Дани која со својот енергичен настап, атмосферата ја подигна на повисоко ниво. Таа ги испеа нејзините најголеми хитови како „Црно на Бело“, „Не живеам за другите“, „Најдобра“ и многу други со кои публиката буквално ја крена на нозе и ја подготви за настапот на босанската рап сензација Едо Маајка, што всушност беше главната ѕвезда на вечерта.
Отсуството на сцената на Радио МОФ беше видливо. Иако беше откажан настапот на изведувачите на оваа сцена, повеќе млади луѓе се собра и се дружеа на сцената планирана за нив, со многу пиво и полни со позитивна енергија.
Забавата на главната сцена продолжи до раните утрински часови со најголемите хитови преку настапот на DJ Slave. Не сметајќи го малиот инцидент во публиката кој беше решен за кратко време и техничките проблеми кој се јавија при настапот на Едо Маајка, четвртата вечер на Пиволенд, може да се заокружи како поуспешна како за љубителите на пиво така и за љубителите на добра музика.
Наталија Јосифовска