По четврти пат ќе се одржи фестивалот „Sound of Green“ во организација на Пакомак и Пасворд Продукција. Организаторите ги најавија настапите на Foltin, June, Eye Cue, Ivana Nizam, како и на многу други познати македонски диџеи.
Фестивалот ќе се одржи на 20 јуни, со почеток од 20 часот во летниот клуб Хавана, во Градски парк.
Како и минатите години, влезници за фестивалот не може да се купат. Картите за овој музички фестивал ќе ги добиете во замена за три празни пластични шишиња од која било големина.
„Донесете ги собраните шишиња на пултовите на Пакомак пред влезот на летна Хавана, пред почетокот на фестивалот на 20 јуни или на промо-пултовите поставени на неколку локации во центарот на Скопје, неколку денови претходно“, стои во најавата на настанот.