Чевртото издание на фестивалот на независна музика „Земјотрес“ ќе се одржи на 6 февруари во Младинскиот културен центар.
Со свој настап на фестивалот ќе се претстават Andreas Hz & Martchin, Anna O, Carnage Dominion, Defekt 13th, Dj Goce SAF, Fighting Windmills, Funk Shui, Горан Кан, Hardfaced, June, Leitmotif. Настапи оваа вечер ќе имаат и NBK & Twister, Новиот Почеток, PMG Kolektiv, Project: Orpheus, Sethstat & Mirko Popov.
Како дел од програмата на третиот „Земјотрес“ се најавуваат и Smut, Spank, Swatovski, Telemama, The Government и Тони Димитров.
„Земјотрес“ е музички фестивал на македонските независни дискографски куќи. Инициран од Направи Заедно, 69 Records и ПМГ Рекордингс, фестивалот е отворен концепт, на кој постојано се приклучуваат релевантни чинители на алтернативната сцена која музиката ја сфаќа и третира како уметност, борба и национално богатство.
Влезот за фестивалот е 100 денари, а почетокот е во 19 часот.