Четвртото издание на „Skopje Drum Festival“ ќе се одржи на 31 октомври во Кино „Фросина“.
На настанот најавени се перфроманси на Војтек Дереговски од Полска, Павел Ренџов Трио и Јан Стефановски. Дополнително, ќе се одржат и работилници на тема „Животот низ призма на тапаните“ која ќе ја води Радослав Шутевски – Шуте, како и на тема „Примена на македонскиот традиционален ритмички јазик во современите жанрови, која ќе ја води Драган Теодосиев.
Истовремено, ќе се одржи и изложба и презентација на рачно изработени ударни инструменти на „GS Handcraft“, „Muloski Handracft“ и „Hristijan Nikolovski Handcraft“.
Настанот ќе започне од 17 часот, а билетите се достапни на следниов ЛИНК.