Овогодишното четврто издание на Младинскиот филмски фестивал (МФФ) ќе се одржува од 30 август до 1 септември под мотото „Реално е!“, а ќе понуди низа филмски проекции, но и придружна програма со музика.
На крајот на летото, а пред официјалниот почеток на фестивал, организаторите вечер (26 август) повикуваат на претфестивалска журка со краткиот филм „Налепница“ од Георги М. Унковски и музичка селекција од режисерот. Исто така, ќе настапи и Damage Control. Настанот ќе се одржува во „Лабораториум“ од 20 часот.
„Повелете на журче, освежување и супер филм!“, велат од фестивалот.
View this post on Instagram
Во петок од 20 часот е отворање на фестивалот во Кинотека на Македонија.
„Нашата кокошка ќе гледа главна филмска програма во Кинотека, ќе се журка во Лабораториум, а ќе гостува и на Синестетика. Бидете со неа и ние со вас!“, велат од фестивалот.
View this post on Instagram
Во однос на концертот, се работи за враќање бендот „Хајка“, за затворање на фестивалот на 1 септември од 22 часот во „Лабораториум“.
View this post on Instagram
Инаку, МФФ е единствен домашен фестивал посветен искучително за млади филмски автори. Од млади – за млади.
Од ММФ веќе имаа повик за работилници за музички документарци во рамки на фестивалот. Односно, повик за средношколци и студенти за реализација на долгометражен документарен омнибус за новата скопска музичка сцена.