На 21 октомври во Младинскиот културен центар ќе се одржи концерт на еден од најуникатните бендови од Јужна Америка кој скопската публика го памти по нивниот настап на шестото издание на Здраво млади – чилеанскиот состав Föllakzoid.
Групата почнува со работа пред десет години како трансерска авантура меѓу тројцата другари од најраното детство – Диего, Хуан Пабло и Доминго од Сантијаго, Чиле. Со огромни познавања за културното наследство од античката музика на Андите, овој бенд полека учи како да го усогласи ова влијание со современите звуци од нивното време, создавајќи богата, но истовремено и минималистичка атмосфера. „I“ e најновиот албум, нивно четврто издание, а трето за една од најактивните и најинтеренси издавачки куќи денес – њујоршката Sacred Bones Records. За разлика од минатите изданија кои беа направени во „single take” со целиот бенд, на овој албум работеле три месеци во изолација.
Билетите во претпродажба чинат 400 денари и може да се купат на билетарницата на МКЦ и онлајн преку https://bileti.mkc.mk/index.php?id=535