„Читаме филм, гледаме книга“ денес во Јуроп Хаус

Постои ли книга што не сакате да ја видите на платно? Дали филмот треба да биде верен на книгата за да се допадне? Каква е позицијата на жената режисер во филмската индустрија?

За овие, но и за други прашања, денеска ќе се зборува на настанот „Читаме филм, гледаме книга“ во Јуроп Хаус од 17 часот.

„Ќе разговараме со Александар Маџаровски – Читачот, Златко Ѓелески – филмски критичар и Александра Кардалевска – режисер“, стои во најавата.

Настанот се одржува во знакот на Денот на книгата, а е поддржан од Амбасадата на Шпанија во Скопје.