Издавачката куќа „Арс Ламина“ организира нов литературен и ликовен конкурс насловен „Читањето е супермоќ“ .
Конкурсот ќе трае до 23 мај, а право на учество имаат сите ученици од основните училишта од целата држава.
„Тие можат да напишат поетско или прозно дело или да нацртаат цртеж што ќе биде поттикнат од светот на книгите, читањето и литературата. Победниците бидат соопштени и наградени на посебен настан на почетокот на јуни 2023 година. Наградниот фонд се состои од дипломи и книги обезбедени од издавачката куќа“, велат од „Арс Ламина“.
Заинтересираните своите дела треба да ги испратат на konkurs@arslamina.com, со наведени податоци за
име, презиме, ментор, одделение/клас и училиште, како и поштенската адреса и телефонски контакт од родител за помладите учесници.
Главната мисија на кампањата „Читањето е супермоќ“, која издавачката куќа „Арс Ламина“ ја спроведува веќе петта година по ред, е поттикнување на читачките навики кај децата.
Оттаму велат дела целите на кампањата се подигнување на јавната свест за значењето на читањето од најмала возраст и во таа смисла вклучување на колку што е можно поголем број релевантни чинители од сите сфери на нашето живеење, негување на мајчиниот јазик, поттикнување на читањето и унапредување на читачките вештини, понуда на квалитетно поминато време настрана од новите технологии, образовна поддршка преку збогатување на наставната програма и активностите на училишните библиотеки, поддршка на децата со тешкотии во читањето – дислексија…