Човек доби 1,28 милијарди долари на лотарија во САД

Во петокот беше доделена една од најголемите добивки во историјата на американската лотарија вредна дури 1,28 милијарди долари.

Победничкото ливче било продадено во државата Илиноис.

Директорот на лотаријата „Мега Милионс“, Пет Мекдоналд, во соопштение порача дека од лотаријата се одушевени што се сведоци на една од најголемите добивки и дека се нестрпливи да дознаат кој го освоил џек-потот.

Добивката достигна вредност од 1,28 милијарди долари бидејќи никој не успеал да ги погоди шесте избрани броеви од 15 април, што е 29 недели по ред на извлекување. Наградата била предвидена за победниците кои ќе ја изберат опцијата парите да им се исплаќаат на рати во следните 29 години.

Најголем дел од играчите на оваа лотарија се одлучува за опцијата парите да ги добијат веднаш, чија вредност била 747 милиони долари.

Шансите за освојување на џек-потот во петокот биле  еден наспрема 302,5 милиони.