Судија во Оклахома ослободи човек кој бил во затвор речиси половина век за убиство извршено во 1974 година. Глин Симонс одлежа 48 години, еден месец и 18 дена затвор, што според податоците кои ги води Националниот регистар за ослободувања, е најдолг период кој невино лице го поминало во затвор, пренесува Данас.
Симонс кој беше ослободен во јули откако обвинителите се согласија дека клучните докази во неговиот случај не се предадени на неговите адвокати, вчера беше прогласен за невин.
„Судот со јасни и убедливи докази утврди дека делото за кое господинот Симонс беше осуден и затворен не е извршено од него“, рече окружниот судија во Оклахома, Ејми Палумбо во пресудата.
Симонс изјави дека неговата приказна е „лекција за издржливост и истрајност“.
Тој постојано тврдеше дека е невин и дека во времето на убиството на Керолин Сју Роџерс во 1974 година бил во сојузната држава Луизијана.
Симонс заедно со другото обвинето лице Дон Робертс беа осудени за убиство во 1975 година и првично осудени на смрт. Нивните казни беа намалени на доживотен затвор во 1977 година по одлука на Врховниот суд на САД.
Робертс беше пуштен на условна слобода во 2008 година, а за Палумбо во јули беше наредено ново судење за Симонс.
Со пресудата, Симонс има право на оштета од 175.000 долари отштета од државата, за која неговиот адвокат вели дека ќе биде тешко да се добие, а Симонс моментално живее од донации додека се наоѓа на третман за рак, кој му беше откриен откако беше пуштен од затвор.