Концерт најавен како „Classical meets Jazz“ денес од 14 часот ќе се одржи во малата сала при НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев” во Куманово.
На концертот ќе свири Стефана Марковиќ – флејта, Марко Лазороски – гитара, Андреа Мирческа – контрабас, Мартина Баракоска – тапани.
Емси/ MC: Ангела Стојановска, bodypaint – Kovski
Концертот ќе биде спроведен согласно протоколот за реализирање на настани на затворен простор. Задолжително е носење на маска, дезинфекција и одржување растојание во текот на целиот настан.
Концертот е поддржан од Министерство за култура.