„Cмотра #12“ – Фестивал на електронска музика во Битола

Фестивалот на електронска музика, „Смотра #12“ ќе се одржи од 8 до 10 август во Битола, во Градски парк спроти Император.

Фестивалот ќе почне на 8 август во 20 часот со дискусија на професор др. Анис Сефиданиспанел на тема – Хуманоиден робот во улога на диџеј. На 9 август, во 21.00 часот во Стара Битолска Чаршија настап ќе имаат Diah и Joss а на 10 август во 21.00 часот во Безистен сет ќе имаат Alex Nova, Goran Kan.

„Алтернативната сцена во Битола и оваа година оживува со фестивалот на електронска музика – СМОТРА, нудејќи им на младите поинтимна атмосфера на необични локации каде ќе се презентира поквалитетен избор на електронска музика и диџеи/презентери со цел да можат да се изразат преку било која уметничка форма“, велат организаторите.