Набљудување на птици и слушање на нивниот црцор има позитивно влијание на благосостојбата на 9 од 10 луѓе, пренесува „Гардијан“.
Според јавна анкета во Британија, 88% од испитаниците изјавиле дека уживаат кога ќе го поминат денот во природа, а 91% од анкетираните изјавиле дека набљудувањето на птици и слушање на нивниот црцор има позитивно влијание врз менталното здравје и благосостојбата.
Анкетата била организирана од страна на еколошката британска организација „РСПБ“, која секога година организира викенд за набљудување на птици, а целата земја претставува голема градина. Целта на настанот е да се соберат податоци за бројката и состојбата на птиците.
Минатата година, во рамки на овој настан регистрирани биле 700.000 учесници, а изброени над 11 милиони птици.
Поминувањето на денот во природа, покрај езеро или на јавни зелени површини исто така позитивно делува на менталното здравје, а тоа е докажано и со студии.
Амир Кан, доктор и претседател на „РСПБ“ вели дека посетата на зелени површини е добро и за физичката и за менталната благосостојба.
„Гледајќи ги птиците во мојата градина е извор на постојана среќа. Како дел од Националниот здравствен сервис знам дека моментално среќата ни е потребна повеќе од кога било“, додал тој.