Шпанскиот графити уметник Okuda San Miguel заедно со млади луѓе претворија црква стара сто години во скејт парк. Поранешниот црковен објект со историска вредност, прерасна во културно катче со светли и разиграни бои.
Оригинално дизајниранa во 1912 година, црквата со години била напуштена и во распаѓање поради негрижа. Но, со помош од онлајн финансирање и помош оф фирми, црквата била заштитена и трансформирана во јавен скејт-парк наречен „Kaos Temple“.