Изложбата на слики од Енеса Мемети насловена „Црниот лебед симбол на величественост“ ќе се отвори на 24 април со почеток во 19 часот и 30 минути во Културно-информативен центар – Скопје, Салон Империјал 2.
Енеса Мемети дипломирала на Факултетот за уметности при Универзитетот во Тетово под менторство на проф. Илиријан Бекири, завршила постдипломски студии на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје под менторство на проф. Јован Шумковски.
Учествувала на 30 групни изложби во земјава, а ова е нејзина втора самостојна изложба.
Изложбата ќе биде отворена до 7 мај.