Граѓанин на Нов Зеланд кој црта пениси околу дупките на патиштата уште од 2018 година во градот Окланд може да биде казнет, пишува Independent.
Од Окленд Транспорт најавија дека ќе преземат правни активности против Џеф Апсон, самопрогласен застапник за безбедност на патиштата и велат дека нема да толерираат вандализам.
Posted by Geoff Upson Road Safety Campaigner on Thursday, May 6, 2021
Апсон минатата недела добил повик од полицијата откако граѓанин се пожалил на неговиот последен цртеж на пенис. Откако им кажал дека е одговорен за цртежите, полицијата соопшти дека ќе разговара со Окланд Транспорт.
Апсон од 2018 година со спреј во неонска зелена боја црта околу дупките во Окланд и проценува дека има направено повеќе од 100 цртежи. Тој вели дека најмногу црта кругови околу дупките, резервирајќи ги цртежите со пенис за области што се доволно големи.
Тој за Vice претходно изјави дека првиот пат кога цртал на пат било „од фрустрација“. Тој рече дека поднел околу 20 жалби за „огромна и опасна дупка“ на локален пат, но немало одговор.
Портпаролката на Окленд Транспорт изјави дека сите графити ќе бидат пријавени во полиција и сите трошоци за нивно отстранување ќе ги наплаќаат на тој што ги направил.
Портпаролката исто така рече дека одговорното лице не само што се изложувало на ризик, туку предизвикувало и ризик за безбедност и расеаност на другите возачи.
Апсон рече дека допрва ќе знае дали ќе биде гонет.
Поборникот за безбедност во патниот сообраќај рече дека се чувствува „нервозен“ поради обвиненијата и е загрижен дали тоа може да вклучува затвор, пишува Vice. Но, тој рече дека е разочаран што според него одговорните во Оукланд сè уште не правaт скоро никаков напор да ги поправaт дупките.