Во четврток, со почеток во 16 часот во Универзитетската библиотека „Св Климент Охридски“ во Битола, во склоп на проектот Цртај на македонски, ќе биде отворена Читалната на Горан Стефановски.
„Неформално и опуштено, како што живееше Горан … ве очекуваме во четврток на 23 мај во 16.00 на добри муабети, на музика од винили со B-boy од плејлистите на Горан и со битолско пиво БАК“, велат организаторите на настанот.
Специјални гости на отварањето ќе бидат глумците од Народен театар Битола.