Утре (25 јуни) од 12 часот во Мобилната/Монтажна галерија во Паркот на Франкофонија во Скопје ќе се одржи првата манифестација „CRUISE CULT – Уметноста и културата на мотоцикли – 2022“ преку која ќе биде претставено влијанието на мотоциклите врз културниот живот на луѓето од Македонија и регионот.
Настанот го организираат „CRUISE CULT“ од каде велат дека идејата е да се популаризира мотоцикличката култура.
„Главен акцент на оваа манифестација ќе биде спојувањето на уметноста и мото-културата односно на широката публика сакаме да и ја претставиме уметноста искажана преку мотоциклите и нивната индивидуална нота вметната од самите сопственици“, најавуваат организаторите.
Програма:
12,00 ч. – 17,00 ч. Изложба на најдобри примероци на мотоцикли (chopper, customized, cruiser, bobber, trucker, café racer, rat bike, rare, classic.) во секоја класа по неколку карактеристични примероци.
Изложба на фотографии, Мобилна/Монтажна галерија
13,00 ч. – 15,00 ч. Перформанси: Airbrush and pinstripe – изработка на уметнички дела односно цртежи на самите мотоцикли со помош на воздушен пиштол и посебни четки.
13,00 ч. – 17.00 ч. Музички дел: Настапи на блуз и рок бендови.
Настанот е поддржан од: Министерство за култура на РСМ, Општина Центар и Центар за современи уметности Скопје.