Црвениот крст на Македонија отвори СОС телефонски линии за психолошка прва помош (ППП) за настраданото население од пожарите, која ќе ја обезбедуваат оспособени волонтери на организацијата.
„Секое заинтересирано лице погодено од пожарите може да поставува прашања и да добива одговори и совети за справување со ситуацијата што ја загрозува благосостојбата на граѓаните“, информираат од Црвен крст.
Телефонските броеви по реони:
– Скопски регион 072/271-048
– Пелагониски регион 047/236-019
– Југозападен и полошки регион 072/239-051 и 072/239-077
– Источен, североисточен и југоисточен регион 071/223-691
– Вардарски регион 043/231537
Исто така, организацијата отвори сметки за настраданите и последиците од пожарите и ги повикува сите заинтересирани правни субјекти и граѓани да донираат парична помош.
– Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за справување со последиците од пожарите.
– 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1
За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228
Инаку, Црвениот крст преку своите мобилни тимови активно е вклучен во справувањето со пожарите во државата. Исто така, при теренските активности од страна на организацијата дистрибуирани биле 200 пакети со храна и 200 со хигиена, како и 20 тона вода за силите кои ги гасат пожарите. Тие поставиле и танкови – системи за полнење на хеликоптери со вода кој го скратува времето за гасење пожар со вкупен капацитет од 8 илјади литри, со постојано надополнување.
„Црвениот крст на РСМ упатува голема благодарност за досегашната поддршка на компаниите кои се вклучија во хуманитарната акција“, велат оттаму.
Во јули во Македонија имаше вкупно 765 пожари на отворено, а меѓу нив имаме и пожари кои се најтешки за гасење од осамостојувањето до денес, изјави денеска директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.