ЦУК: Десет активни пожари низ Македонија

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие до утрово, има вкупно 30 пожари на отворен простор, на територијата на целата држава, а од нив сè уште се активни 10, а под контрола е ставен 1, додека 20 пожари се целосно изгаснати.

Активните пожари има во:

  • Старо Нагоричане: кај с.Алгуња и с.Челопек – ангажирани 1 хеликоптер на МВР и 30 припадници на Армијата (гориниска вегетација)
  • Серта 1: Штип, с.Селце и с.Пухче (мешана шума);
  • Серта 2: Штип: Криволак кон Пенуш (2 ЕТ) (ниска вегетација)
  • Македонски Брод 1: с.Брезница и с.Тажево, Јасен – ангажирани 1 хеликоптер на МВР, вработени во Јасен и 30 припадници на Армијата (гори борова шума);
  • Пласница: месност „Стромол“ (мешана шума)
  • Чашка 1: над с.Габровник и с.Мокрени (мешана шума и ниска вегетација);
  • Чашка 2: место викано Мукос, (ниска вегетација)
  • Долнени 1: с.Небрегово (нискостеблеста шума)
  • Долнени 2: с.Гостиражни, што е префрлен пожар од с.Богомила, Општина Чашка (гори мешана шума и ниска вегетација) и
  • Ново Село: над с.Бадилен на планината Огражден (мешана шума).