ЦУК: Еден активен пожар во државата

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во текот на изминатото деноноќие, имало вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои активен е еден, под контрола е еден и изгаснати се 20.

Активен е пожарот помеѓу селата Едеклерци и Хаџи-Хамзали, префрлен на армискиот полигон Криволак каде годи нискостеблеста шума и сува трева, информираат од Центарот за управување со кризи.

Пожарот на планината Мукос, Општина Чашка, е ставен под контрола.

Изгаснати се 20 пожари меѓу кои и оние на територијата на општините Студеничани. Галичица, Струга, Куманово, Брвеница, Прилеп