Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрово информираше дека во последното деноноќие имало вкупно 16 пожари, од кои изгаснати се 13, а 2 сè уште се активни и еден е под контрола.
Двата активни пожара на отворено се кај селото Тажево, во општина Македонски Брод, крак кон Белица и крак кон заштитено повеќенаменско подрачје „Јасен“ од посебно значење за државата, во правец кон месноста „Одделувачи за струја“.
Таму, како што велат од ЦУК се дејствуваше со еден полициски хеликоптер од воздух, а од земја со 30 припадници на МВР од Единицата за брзо распоредување (ЕБР), еден тим од 4 пожарникари на ТППЕ, осум вработени од „Јасен“, и еден вработен од ЕЛС, каде гори борова шума и на
планината Серта, кај Криволак во правец кон селото Пенуш, кај месноста „Чешмедарски Рид“, каде гори ниска вегетација.
„ЦУК информира дека под контрола е еден (1) пожар на отворено и се настојува да се доведе во фаза на локализирање за потоа и да се изгасне – ликвидира. Тоа е пожарот во Општина Демир Хисар, на Илинска Планина во реон помеѓу с. Слоештица и с. Брежани и с. Плаќе. Дејствуваа од воздух, два (2) „ер трактори на ДЗС, тим од 4 пожарникари на ТППЕ и 14 припадници на ЈП ‘Национални шуми’, каде што гори ниска вегетација“, соопштија од ЦУК.
Инаку, во последното деноноќие се изгаснати 13 пожари.