ЦУК: Утрово девет активни пожари низ Македонија

Во изминатите 24 часа се регистрирани вкупно 40 пожари на отворен простор, од кои 9 се активни, 6 се ставени под контрола и 25 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од активните пожари два се во општина Македонски Брод, кај селото Слатина и кај селата Тажево – Брезница и ЈП „Јасен“, и по еден во Демир Хисар, Чашка, Петровец, Студеничани, Кичево, Дебар и Охрид.

Од ЦУК информираат и дека под контрола се ставени пожарите во гевгелиското село Негорци, во Општина Кичево, кај селата Зајас и Бачишта, и во Општина Кочани, кај месноста викана Панаѓур, кај одморалиштата на Пониква.

Под контрола е ставен и пожарот во Општина Македонски Брод, кај село Слатина,  во Општина Пласница, кај село Пласница пожарот е изгаснат, а во село Латово се уште чади. Под контрола е ставен и пожарот во депонијата во Делчево, каде гореше ѓубриште.