Во изминатите 24 часа низ Македонија се регистрирани вкупно 41 пожари на отворен простор, од кои во моментов 6 се активни, 9 се под контрола и 26 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни пожари има кај селата Тажево, Брезница и Јасен, на Илинска Планина, кај селата Папрадиште и Ореше, како и помеѓу селата Градманци и Дивље.
Потоа, активен пожар има кај селата местото викано Панаѓур кај одмаралиштата на Пониква, но и кај селата Драчевица и Црвена Вода.
Под контрола се ставени пожарите кај местото викано Дрешница над селото Батинци, помеѓу селата Долно и Горно Количани кон селото Вражале, потоа кај селото Негорци, како и на планината Галичица. Од ЦУК информираа и дека е ставен под контрола пожарот кај селото Фурка кон Богданци, како и пожарот кај селото Слатина.
Истовремено, под контрола е и пожарот кај селото Латово, пожарот на депонијата во Делчево, како и кај селото Лениште.