Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг објасни зошто на Фејсбук беше овозможена проверка на безбедноста на жителите во загрозените делови по терористичките напади во Париз, а не го направи истото и по бомбашкиот напад во Бејрут, во пост на социјалната мрежа.
„Safety Check“ или проверката на безбедноста, при што се овозможува корисниците себе си и другите да ги обележат дека се безбедни по трагедијата, претходно била активирана од страна на Фејсбук само за време на природни катастрофи. Непосредно по нападот во Париз, вели Цукерберг, компанијата одлучи дека ќе ја активира опцијата и за други човечки катастрофи.
Многумина кориници на социјалните медиуми беа навредени бидејќи функцијата беше овозможена за Париз, каде што во терористичките напади во петокот загинаа 120 луѓе, но не и за Бејрут, каде еден ден претходно во бомбашки напад беа убиени 40 лица. Цукерберг изјави дека луѓето биле во право кога прашувале за ова и додава „ќе работиме напорно за да им помогнеме на луѓето кои страдаат во вакви ситуации, колку што можеме“.
Постот беше даден во негов коментар откако својата профилна слика ја обои во боите на француското знаме, уште една алатка која им овозможи на корисниците да покажат солидарност со жителите на Париз.