Во рамки на културното лето во Младинскиот образовен форум – „Cult+Alt+Repeat“ овој четврток, 12 август, ќе се одржи предвидување на иднината со тарот карти. Настанот ќе се одржи во дворот на МОФ, како и претходните настани на „Cult + Alt + Repeat“.
На тарот картите ќе гледа Нате, а во 18 и 30 часот, таа ќе го прогласи шпилот карти за отворен.
„Сонце или месечина, „Љубовниците“ или Ѓаволот – која карта ќе ви се погоди зависи од вашето присуство, а богами и судбината. Тарот карти се посебни карти кои се користат за предвидување. Овие карти во Европа се појавиле во доцниот 14ти век. Првиот запис за постоењето на овие карти е пишана изјава за рекорди во Ферара, во 1442 година, иако нивното потекло не е точно прецизирано. А во четврток, мистеријата ќе продожи во дворчето на МОФ, како дел од нашето Cult + Alt + Repeat културно лето“, објаснуваат организаторите.
Културното лето во МОФ трае од 29 до 31 август, а младите преку повеќе настани ќе имаат прилика да се социјализираат, меѓусебно да се запознаат, да слушаат квалитетна музика од домашни артисти, да научат да цртаат, да дизајнираат на некоја дигитална алатка, да креираат уметност со примена на ре-употреблив дизајн, да проследат актуелен филм, но и да се опуштат со јога.
Преку Cult+Alt+Repeat, МОФ и Радио МОФ се стремат да го подигнат нивото на информираност на младите, да обезбедат простор за младинска и културно дружба и активизам.