„Да правиме музика и уметност, а не војни“ – мултимедијален културен настан во недела на „Школка“ во Градски парк

Во недела (27 март) во Градскиот парк кај „Школка“,  со почеток во 11 часот и 20 минути ќе започна мултимедијалниот културен настан „Хумантроп“ кој го организира рап-артистот Владимир Лукиќ, во соработка со Културно-социјалниот простор Центар-Јадро.

Мотото на настанот е „Да правиме музика и уметност, а не војни“, а целта, како што велат организаторите е „да се собереме сите на едно место и да започнеме подобро утро, бидејќи сите знаеме низ што поминавме изминативе 2 години“. Истовремено, целта на настанот е и да се соберат средства за загрозените семејства од Украина.

Музичката агенда ќе ја пополнат Дино Шкрињариќ, ди-џеј „Андреј“, „Maximus Vandal“, „Double G & Djagy“, „Spask1“, „Druggy, Kacar & Bibbych“, „Dope Kukjata & VecVajsVers“, „Uzi“, „Martix“, „The Local Blue“ и „Jamezname & Philip Ackwosky“.

На настанот ќе има и изложба на ликовна уметност од Јулија Барбун, Бурџу Мусли, Евгенија Трајковска, Благоја Грозданоски и Андријана Милошевска.

Дополнителни информации за артистите се споделени преку Инстаграм профилот на „Хумантроп“.