Дебата на Радио МОФ: ЛГБТ заедницата во земјата со демохристијанско владеење

„ЛГБТ заедницата во земјата со демохристијанско владеењеˮ е темата на четвртата радио – дебата на Здружението Диверзити Медиа од новиот проект „Дебатирањето менуваˮ. Дебатата ќе се емитува во живо на Радио МОФ, утре (1 октомври), од 13 до 14 часот.

Дабата на Радио МОФ: ЛГБТ заедницата во земјата со демохристијанско владеењеНа темата ќе дебатираат Душко Миновски од Комисијата за заштита од дискриминација, Беким Леке Асани, ЛГБ активист, Ана Павловска Данева, пратеник и професор на Правниот факултет и Ирена Цветковиќ од Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заеднициˮ.

Ова е уште една од циклусот 12 радио – дебати на различни теми кои што ќе се емитуваат во секој вторник, во истиот термина на Радио МОФ,  од септември до декември годинава.

Диверзити Медиа ќе објавува и анализи од секоја радио – дебата, секој четврток на http://diversitymedia.mk/ , додека партнерот – поддржувач ИДЕА Југоисточна Европа ќе се погрижи да ја „фатиˮ атмосферата на секоја радио – дебата и да овозможи видео записи од секоја од нив. Тие ќе бидат достапни на http://idebate.org/ и на http://diversitymedia.mk/

Радио МОФ и ИДЕА Југоисточна Европа се партнери – поддржувачи на Диверзити Медиа во овој проект, финансиран од Националниот Фонд за Демократија од Вашингтон (National Endowment for Democracy (NED)).