Во дворчето на Социјалниот центар „Дуња“ вечер (сабота, 8 јули) од 20:30 часот ќе настапи авторскиот бенд „ДаДа“.
„ДаДа“ е концептуално музичко патување базирано на доверба, другарство и слободно изразување.
Дуото го сочинуваат Дарио Циевски и Дарко Медарски, кои музиката ја пренесувааат преку повеќеслоен инструментариум.
Влезот е препорачана донација за артистите.